| Број: 220 | Издание: 15/5/2009, освежено: 15/5/2009 |
   :: почеток :: контакт :: маркетинг :: за нас ::

КУЛТУРА
Културно наследство
Ќе се гради Теодосијанска палата кај Стоби





Копија на Теодосијанската палата во античкиот град Стоби ќе биде изградена на ридот наспроти стариот град, од другата страна на реката Црна. Таму ќе биде сместен истражувачкиот центар на новата институција „Стоби“. Палатата ќе биде јадро околу кое ќе никнува и ќе се развива новата населба, во која ќе живеат и ќе работат младите истражувачи чија единствена цел ќе биде откривање, заштита и промоција на археолошкиот локалитет кај Градско.
Многу археолози, музејски работници, конзерватори сметаат дека прогласувањето на Стоби за самостојна институција е единствениот начин да се извлече локалитетот од зачмаеноста во која се наоѓа речиси три децении. Има и поинакви ставови. Дека добро функционираше под надлежност на Националниот конзерваторски центар и дека уште една национална институција ќе биде дополнителен товар на буџетот. Сепак, факт е дека во последните 30 години во Стоби речиси и да не е откриен ниту еден објект. Наместо да почне заштита и реконструкција на античкиот театар, тој се распаѓа, а туристи ретко доаѓаат иако тоа е археолошки локалитет со најдобра инфраструктура во земјава. Новата институција „Стоби“ веќе е регистрирана, а со неа ќе раководи археологот Силвана Блажевска. Се чека Министерството за финансии да одобри вработувања за екипата што ќе работи таму. Систематизацијата веќе е направена, информира Кузман. На Стоби ќе работат археолози, архитекти, нумизматичар, епиграфичар, конзерватори, општи служби, водичи низ локалитетот. За почеток ќе бидат вработени 28 луѓе, иако се потребни вкупно 35. Од нив 7 ќе бидат преземени од постоечките институции, националните заводи и музеи (чувари и еден археолог), а другите ќе бидат избрани на конкурс што наскоро треба да го објави новата институција.
Луѓето што го истражуваат ќе живеат во Стоби. Така полека античкиот град ќе се урбанизира. Населбата ќе биде формирана преку реката, на ридот. Блажевска предложи таму да се направи копија на Теодосијанската палата и во рамките на тој комплекс да се развива живата сила, истражувачкиот центар на Стоби.
Теодосијанската палата е една од најлуксузните куќи досега откриени во Стоби. Се претпоставува дека во објектот престојувал императорот Теодосиј Први, кога го посетил Стоби во 388 година. Објектот е долг 58 метри, а широк 23,5 метри. Дворот бил опкружен со колонади со столбови од сиво-бел мермер, а на источниот дел од дворот имало четириаголен базен. Палатата е изградена во текот на 4 век.
   Животот е убав, зарем не?!
   Овогодишната награда “Астер” за бугарскиот режисер Рангел Влчанов
   Општина Центар ќе објаснува кај ќе има споменици
   Трета премиерна претстава
   ПРИВЛЕЧНА МИСТИЧНОСТ
   Се очекува блескава презентација на македонската култура
   Лауреат Томислав Османли
   Првата награда за Никола Узуновски
   Суштината на воинот и митологијата на стрипот
   МНТ го награди Александар Микиќ
Tribune
najdi.com.mk
МЕДИУМ
Виктор Соколовски
Празничен ден
АНКЕТА
Дали Црвенковски ќе спроведе реформа во СДСМ

Мало морген
Можеби
Сигурно
© Неделен интернет магазин Tribune. Сите права задржани. е-mail : info@tribune-eu.com