| Број: 220 | Издание: 15/5/2009, освежено: 15/5/2009 |
   :: почеток :: контакт :: маркетинг :: за нас ::

КУЛТУРА
Амфи-награда за мотивација
МНТ го награди Александар Микиќ





Првиот добитник на наградата Амфи е актерот Александар Микиќ, најактивниот актер во една сезона во Македонскиот народен театар. Тој според статистикита на МНТ, во една сезона бил 189 пати на сцената. Наградата ќе се доделува на 21 март во МНТ, кога ќе биде одбележано раѓањето на актерот Ристо Шишков.

Според директорот на МНТ, Сашо Миленковски, идејата на наградата е да се мотивираат актерите за да играат што повеќе. Наградата е 1.000 евра. Во МНТ се чини траен проблем е што група актери не стапнале на сцена. Нема да навлегувам зошто е така, може да се наведат еден милион причини. Важно е дека сакам да ги мотивираме актерите да играат што почесто. Многу се радувам кога некој актер дошол 200 пати во годината. Можеби наградата се чини мала, ама може да биде поголема. Парите ги обезбедивме од билети - рече Миленковски. Во МНТ се вработени 42 актери, од кои речиси половината не се активни со години.

Инаку, од програмата планирана за годинава, останува определбата на МНТ да доминира класичната драмска литература, а да работат веќе докажани режисери. Режисерот Љубиша Ристиќ, кој веќе требаше да почне со работа на текст од Шекспир, ќе дојде штом ќе му излезе премиерата на нова претстава во театарот „Звездара“ во Белград. Според Танјуг, станува збор за премиерата на претставата „Конзулски времиња“, што ја работи според мотиви на делата на Иво Андриќ. Претставата била прво планирана да излезе кон крајот на 2008 година, но премиера имаше на 7 март. “Со него се одложи работата за некоја недела, ама тоа не зависи од нас. Проектот ќе се реализира. Го очекуваме наскоро да пристигне, ќе има можност да се запознае со нашиот ансамбл и да ги избере актерите со кои ќе сака да работи. Ристиќ има македонско потекло. За мене е провокација да видам како ќе ја доживее Македонија по многу години. Досега работел во Битола, на претставата „Магбет“, вели Миленковски. Во претставата „Конзулски времиња“ учествува и актерката Ана Костовска.

Режисерот Слободан Унковски ќе ги почне пробите за претставата “Змејовата невеста“ на 1 ноември, велат од МНТ. Веќе некое време во тек се преговори за соработката на Унковски со најголемиот национален театар. Станува збор за претстава од А-категорија, за која Министерството за култура одобрува најмногу два милиона денари. До крајот на годината во МНТ треба да работат и Златко Славенски, кој ќе работи дело од Достоевски и треба да почне со проби во септември, а деновиве се очекува во Скопје да пристигне и Иван Поповски, кој кон крајот на годината ќе работи дело од Шекспир.

МНТ деновиве е коорганизатор на фестивалот на пантомимата „Панфиз“. Определбата на театарот е колку може повеќе да ги поддржува театарските жанрови кои акцент ставаат на телото. “МНТ мора да ја поддржува културата на телото, на јазикот на телото. „Панфиз“ го поддржуваме зашто човекот што го организира Трајче Ѓорѓиев, е актер вработен во МНТ и не гледам зошто не би го поддржале. Како што соработуваме и со „Локомотива“, па и „Скомрахи“, повеќе или помалку, се сели во МНТ. Не им наплаќаме за тие активности. Таквите дополнителни настани се полезни за театарот, зашто тие манифестации ни носат странски уметници и помага за споредување со нив. Тие се манифестации со мали буџети и ако треба да платат и за сала, тогаш тешко дека ќе се одржат“, смета Миленковски.
   Животот е убав, зарем не?!
   Овогодишната награда “Астер” за бугарскиот режисер Рангел Влчанов
   Општина Центар ќе објаснува кај ќе има споменици
   Трета премиерна претстава
   ПРИВЛЕЧНА МИСТИЧНОСТ
   Се очекува блескава презентација на македонската култура
   Лауреат Томислав Османли
   Првата награда за Никола Узуновски
   Суштината на воинот и митологијата на стрипот
   МНТ го награди Александар Микиќ
Tribune
najdi.com.mk
МЕДИУМ
Виктор Соколовски
Празничен ден
АНКЕТА
Дали Црвенковски ќе спроведе реформа во СДСМ

Мало морген
Можеби
Сигурно
© Неделен интернет магазин Tribune. Сите права задржани. е-mail : info@tribune-eu.com