| Број: 220 | Издание: 15/5/2009, освежено: 15/5/2009 |
   :: почеток :: контакт :: маркетинг :: за нас ::

КУЛТУРА
Феноменологија
Суштината на воинот и митологијата на стрипот

Влатко Митаноски

i>Како што постои мото за секоја одмазда, така постои и мото врз кое се базира делувањето на секој воин-одмазник. Со тоа се отвораат прашањата за суштината на воинот, во случајов за неговата наративна програма. Тарантино успева успешно да креира лик на женски воин следејќи ги традициите на источните (јапонски и кинески) воини, но во едно постмодерно време! Еве како постапува.




Секој воин треба да се етаблира на специфичен наќин, зашто и тој, по дефиниција, е специфичен. Како за пример моæе да се спомене Хомер и начинот на кој уште во негово време се водело сметка за етаблирањето на воините. Неизбежен елемент во таа насока е оружјето. Тоа се доведува до степен на глорификација. За да добие оружје, Беатрикс Кидо оди дури до Окинава каде го наоѓа најдобриот мајстор за изработка на мечеви- Хатори Ханзо, кој, како по правило во вакви случаи, се зарекол дека веќе нема да се занимава со изработка на оружје кое служи за одземање човечки животи. Но, кога дознава дека оружјето ќе биде употребено во борба против Бил, се согласува и изработува меч каков што дотогаш немал направено.

Врвниот воин треба да е супериорен во многу нешта, вклучувајќи ја тука и интелектуалната супериорност. Беатрикс Кидо зборува јапонски, а успева и да ги придобие симпатиите на кинескиот учителот по кунг-фу вештини Маи Пеј, кој до тогаш не ги поднесувал белците, Јапонците, а особено не жените (а жените-воини во никој случај).

Претходно го спомнав Хомер. Значи, и тогаш воинот требало да го следи мотото: “Твое е да се бориш, да победуваш!” Од тоа следуваат борбите, битките или мегданите кои се суштинска карактеристика на херојските епови (“Илијада”, на пример). Во овој случај таквите мегдани добиваат постмодерно обележје, а хероите стануваат постмодерни херои. Беатрикс Кидо, пред да стигне до нејзината последна борба, борбата со Бил, им се одмаздува на сите кои учествувале во масакарот во Капелата за венчавки во Ел Пасо.

Ги убива членовите на Смртоносната змиска организација. Нејзиното етаблирање достигнува максимум со убивањето (и тоа буквално натуралистичко во Хомеров манир) на членовите на Лудата осумдесет и осумка (тоа значи 88 луѓе).

Одмаздата, по правило, завршува со триумф на одмазникот во последната борба. Ја спомнав ексклузивноста на жената-воин и начинот на кој таа се постигнува или проблемот со етаблирањето. Извонредните автори, од профилот на Тарантино, во последната битка внесуваат уште поголема тензија! На крајот треба да се победи противник кој е, исто така, ексклузивен, ги поседува истите квалитети како и противникот. Но, во случајов, Бил треба да се соочи со жената со која има дете, а тензијата добива на квалитет со фактот што пред последната битка Беатрикс Кидо дознава дека нејзината ќерка е жива! Бил ја пречекува Беатрикс заедно со нивното заедничко дете пред последната битка. Ќе го цитирам дијалогот помеѓу Бил и Беатрикс пред битката со цел подобро да се долови поентата на митологијата на суперхероите на која Тарантино маестрално упатува.

БИЛ: “Особината на митологијата на суперхероите е дека постои суперхерој и наговото алтер-его. Бетмен е, всушност Брус Вејн, Спајдермен-Пит Паркер. Тој кога ќе се разбуди наутро е Пит Паркер. Тој мора да има костим за да стане Спајдермен. Во таа карактеристика, Супермен е единствен. Супермен не станал Супермен, тој е роден таков. Тој кога ќе се разбуди наутро е Супермен. Неговото алтер-его е Кларк Кент. Супермен има големо црвено С . Ќебето во коешто бил завиткан како бебе кога го нашле Кентовите е неговата облека. Кога тој ќе стави очила и кога ќе облече костум, тоа е костимот на Супермен за да се измеша со нас. Супермен нас не гледа како Кларк Кент. Една од карактеристиките на Кларк Кент е неговата слабост, несигурност во себе, кукавичлук. Кларк Кент е критика на Супермен за целото човештво. Тоа е исто што и Беатрикс Кидо и госпоѓа Плајмтон...”

БЕАТРИКС КИДО: “А, поентата е во...?”

БИЛ: “Ти го облекуваше костумот на Ајрлин Плајмтон, но си родена како Беатрикс Кидо. И секое утро кога ќе се разбудиш ти си Беатрикс Кидо.”

БЕАТРИКС КИДО:”Ме нарекуваш суперхерој?”

БИЛ:”Те нарекувам убиец природно вроден убиец. Отсекогаш си била и ќе бидеш. И кога си во Ел Пасо вработена во продавница за користени плочи, гледајќи филмови со Томи (човекот со кого Б.К. сакаше да се омажи)... Тоа си ти, обидувајќи се да се маскираш. Тоа е твојот обид да се споиш со луѓето. Но секогаш ќе бидеш одбегнат убиец и без разлика колку време ќе бидеш таква, тоа ништо нема да промени. “

Потоа следува последната битка на овие постмодерни епски херои. Тарантино, следејќи ја традицијата на италијанските вестерн филмови, смислува кратка, но многу ефективна завршница. Беатрикс го убива Бил служејќи се со техниката на петте удари на учителот Паи Меј од кои по пет чекори на човек му распрснува срцето. До крајот на својот живот, учителот Паи Меј оваа техника не ја кажал никому освен на Беатрикс Кидо!

Во последната сцена Беатрикс плаче од радост во бањата во својата куќа зашто гледа дека најзината ќерка со задоволство, како секое нормално дете, гледа и им се радува на цртаните филмови, наместо на филмовите од типот на “Смртта на Шогунот” како што ја воспитувал Бил. Поентата која сака со ова да ја упати авторот Тарантино на крајот е специфична и тесно поврзана со митологијата на стрипот. Беатрикс навистина сака да се обиде да се маскира како што се маскира Супермен за да се спои со луѓето и, што е уште поважно да се спои со своето дете. Длабоко хумано маскирање кое остава простор за идни длабоки анализи на делото на Квентин Тарантино.
   Животот е убав, зарем не?!
   Овогодишната награда “Астер” за бугарскиот режисер Рангел Влчанов
   Општина Центар ќе објаснува кај ќе има споменици
   Трета премиерна претстава
   ПРИВЛЕЧНА МИСТИЧНОСТ
   Се очекува блескава презентација на македонската култура
   Лауреат Томислав Османли
   Првата награда за Никола Узуновски
   Суштината на воинот и митологијата на стрипот
   МНТ го награди Александар Микиќ
Tribune
najdi.com.mk
МЕДИУМ
Виктор Соколовски
Празничен ден
АНКЕТА
Дали Црвенковски ќе спроведе реформа во СДСМ

Мало морген
Можеби
Сигурно
© Неделен интернет магазин Tribune. Сите права задржани. е-mail : info@tribune-eu.com