| Број: 220 | Издание: 15/5/2009, освежено: 15/5/2009 |
   :: почеток :: контакт :: маркетинг :: за нас ::

КУЛТУРА
Фестивал на видео арт во Торино
Првата награда за Никола Узуновски





Македонскиот уметник Никола Узуновски ја освои првата награда со видео-делото „Моето сонце“, на фестивалот „Видео.Ит“ кој од 25 до 27 март се одржа во Торино, во реномираната Фондација „Марио Мерц“. Проектот на Узуновски го опишува процесот на создавање модел за вештачко сонце, а идејата се родила од неговиот престој во италијанското место Полинарија во 2008 година, каде што учествуваше во програмата за уметници и научници за истражување на алтернативни енергии, биоекологија и заштита на природата.

Инаку, „Моето сонце“ е еден од двата уметнички проекта со кои Македонија во јуни ќе се претстави на 53. Уметничко биенале во Венеција. Наградата во Торино е второ значајно признание за Никола Узуновски за овој проект. На „Триесте контемпоранеа“ тој беше награден и за најдобар млад уметник на Југоисточна Европа во 2007 година.

На фестивалот „Видео.Ит“ учествувале уметници од Франција, Италија, Грција, Израел, Турција и од Палестина. Фестивалот тематски бил посветен на земјите на Медитеранот, како дел од соработката со Медитеранското биенале на млади уметници, кое во септември ќе се одржи во Скопје.
   Животот е убав, зарем не?!
   Овогодишната награда “Астер” за бугарскиот режисер Рангел Влчанов
   Општина Центар ќе објаснува кај ќе има споменици
   Трета премиерна претстава
   ПРИВЛЕЧНА МИСТИЧНОСТ
   Се очекува блескава презентација на македонската култура
   Лауреат Томислав Османли
   Првата награда за Никола Узуновски
   Суштината на воинот и митологијата на стрипот
   МНТ го награди Александар Микиќ
Tribune
najdi.com.mk
МЕДИУМ
Виктор Соколовски
Празничен ден
АНКЕТА
Дали Црвенковски ќе спроведе реформа во СДСМ

Мало морген
Можеби
Сигурно
© Неделен интернет магазин Tribune. Сите права задржани. е-mail : info@tribune-eu.com