| Број: 220 | Издание: 15/5/2009, освежено: 15/5/2009 |
   :: почеток :: контакт :: маркетинг :: за нас ::

КУЛТУРА
Саем на книгата во Франкфурт
Се очекува блескава презентација на македонската култура





Република Македонија оваа година ќе биде претставена на најзначајниот светски саем на книгата што од 14 до 18 октомври ќе се одржи во Франкфурт, Германија. На простор од 100 квадратни метри, во атрактивната шеста хала, со модерен штанд, ќе биде презентирана нашата историја, творештво, уметност. Македонски организатор е книгоиздателството „Матица македонска“. Екрани со видеопроекции, цилиндри што ќе раскажуваат за нашето културно богатство, под со рачно изработен мозаик, платнени торби и обележувачи на страници со македонски мотиви, монографии преведени на англиски јазик ќе бидат дел од содржините на саемскиот простор. Тоа ќе биде наше прво големо претставување на Саемот во Франкфурт.

Светските саеми на книгата веќе одамна станаа место за целосно културно, национално и туристичко претставување на земјите. Саемот во Франкфурт е врвот во тие настани. Без добро смислена стратегија, нема логика да се настапува таму. Затоа, годинава сакаме со сета креативна енергија во Франкфурт да покажеме кои сме, каде е нашата земја, кои се нашите вредности. Целта е да го предизвикаме вниманието на читателите, на книжевните агенти, на сите тие стотици илјади луѓе од културата кои секоја година на саемот се во потрага по нови автори од разни културни средини - вели Дејан Павлески од „Матица македонска“.

Вниманието посебно ќе биде насочено кон Кокино, Универзитетот на св. Климент, развојот на писменоста, археолошките пронајдоци и локалитети. На штандот ќе бидат изложени ексклузивни монографски изданија на англиски јазик, меѓу кои ќе бидат и „Археолошка карта на Македонија“, „Црквите и манастирите на Македонија“, „Македонија низ легендите“. Во централниот дел од подот на штандот, на површина од 50 квадратни метри ќе биде поставен и мозаик, реплика од мозаикот од Хераклеја, кој се планира да биде рачно изработен. Штанд со европски изглед, кој ќе има посебна приказна во себе, е неопходен за успешно презентирање во Франкфурт. Годинава во Франкфурт првпат ќе имаме два штанда. Вториот, помал, ќе биде во хала наменета за презентација на автори и за продажба на авторски права.
   Животот е убав, зарем не?!
   Овогодишната награда “Астер” за бугарскиот режисер Рангел Влчанов
   Општина Центар ќе објаснува кај ќе има споменици
   Трета премиерна претстава
   ПРИВЛЕЧНА МИСТИЧНОСТ
   Се очекува блескава презентација на македонската култура
   Лауреат Томислав Османли
   Првата награда за Никола Узуновски
   Суштината на воинот и митологијата на стрипот
   МНТ го награди Александар Микиќ
Tribune
najdi.com.mk
МЕДИУМ
Виктор Соколовски
Празничен ден
АНКЕТА
Дали Црвенковски ќе спроведе реформа во СДСМ

Мало морген
Можеби
Сигурно
© Неделен интернет магазин Tribune. Сите права задржани. е-mail : info@tribune-eu.com