| Број: 220 | Издание: 15/5/2009, освежено: 15/5/2009 |
   :: почеток :: контакт :: маркетинг :: за нас ::

КУЛТУРА
Една уметничка антиципација
Животот е убав, зарем не?!

Влатко Митаноски

Не знам дали се сеќавате оти во една прилика големиот Достоевски има кажано, во еден од своите романи се разбира, дека е интересен разговорот со умен човек! Пред некое време во еден таков разговор со мој драг пријател дознав за едно филмско дело на српскиот режисер Боро Драшковиќ со интересен и, во секој случај интригирачки наслов: „Животот е убав“. Токму насловот беше најголемата причина некое време потоа истиот филм да го пронајдам и, се разбира, да се обидам да дознаам зошто насловот е таков каков што е и зошто порачува: Животот убав. Филмот го погледнав...

Сакам да ви раскажам дел од приказната. Еден ден еден машинистот, откако работел цели дваесет часа, се решава да го запре возот на една станица. Патниците револтирани излегуваат и одат во блиската кафеана. Сопственикот на кафеаната, користејќи ја ситуацијата сака што повеќе да заработи, а сакаат да заработат и музичарите, кои се исто така патници од возот. Набргу доаѓаат локални моќници кои почнуваат да ги малтретираат патниците, а особено музичарите или уметниците, како што ги нарекуваат. Уметниците се прислилени буквално до изнемоштеност да ја пеат оваа песна: „Живот је леп кад сунце сија нама, /кад слатки мирис шири јоргован/живот је леп кад падне ноќна тама,/ а љубав још је неостварен сан /живот је леп кад не слутиш да још једном биќе крај /живот је леп кад не знаш да веќ љубиш, /и ако све ти мораш да изгубиш, живот је леп јер опет биќе мај.” Ова е сосема доволно како мотивација за љубителите на филмот и на добрата филмска приказна! Забележавте дека го спомнав терминот филмска приказна. Верувајте, тоа го спомнав со причина! Не така одамна уште Умберто Еко истакна дека и филмот, како уметничко дело, не е имун на читањето, односно, и филмот може да се чита и да се прочита како секое друго книжевно дело. Како што се читаат романите на Достоевски, на пример. Јас, пак, себеси се ставам во големата група почитувачи на Умберто Еко. Еве што, меѓу другото, може да се прочита во „Животот е убав”: „Кога нешто кај нас ќе застане, застанато е” (ова го кажува вработен во кафеаната гледајќи го застанатиот воз); „Тој што го зборува она што го сака, мора да го работи она што не го сака” (реплика на готвачката во кафеаната); „Не е така лошо како што изгледа, полошо е” (зборови на машинистот); „Татко ми кога виде колку се скапи учебниците, рече: Читај ги луѓето, а не книгите (реплика на пејачката); „Родителите и онака не подготвуваат за нешто што го нема” (зборови на хармоникашот); „Кај нас никој не го работи она што најдобро умее да го работи” (ова го кажува друг гостин во кафеаната, кога патниците се веќе заминати). Филмското дело на Драшковиќ датира од 1985 година. Во него се третира актуелна тема од последната деценија на опстојувањето на некогашната југословенска федерација. Филмската приказна на Драшковиќ може да се сфати и како своевидна историска антиципација. Ете што сé може да постигне уметникот! Веројатно многумина веднаш ќе се сетат на едно друго извонредно српско филмско остварување според драмското дело на познатиот македонски драмски автор Дејан Дуковски. Се работи за филмот „Буре барут”. „Животот е убав” кај мене предизвика силно чувство на мачнина. Така се чувствував и кога го гледав „Буре барут”! Токму тоа е суштината на добрата фикција, на комедијата на пример, да успее да насмее, на трагедијата да натажи. И во едниот и во другиот случај многу често се појавуваат солзи, нели? Филмските дела како „Животот е убав” предизвикуваат мачнина. Во случајов таа е една од најголемите цели на уметникот. А тие цели немало да се постигнат без извонредната артистичка екипа: Раде Шербеџија (Хармоникашот), Драган Николиќ (Гаро), Сања Савиќ (Пејачката), Павле Вујисиќ (Сопственикот на кафеаната), Љубиша Самарџиќ (Келнерот). Сценариото на Боро Драшковиќ и Маја Драшковиќ е работено според прозата на Александар Тишма, а впечатливата музика е дело на Војислав Костиќ. На крајот, не може а да не се наметне прашањето: Дали животот е убав? Што мислите?
   Животот е убав, зарем не?!
   Овогодишната награда “Астер” за бугарскиот режисер Рангел Влчанов
   Општина Центар ќе објаснува кај ќе има споменици
   Трета премиерна претстава
   ПРИВЛЕЧНА МИСТИЧНОСТ
   Се очекува блескава презентација на македонската култура
   Лауреат Томислав Османли
   Првата награда за Никола Узуновски
   Суштината на воинот и митологијата на стрипот
   МНТ го награди Александар Микиќ
Tribune
najdi.com.mk
МЕДИУМ
Виктор Соколовски
Празничен ден
АНКЕТА
Дали Црвенковски ќе спроведе реформа во СДСМ

Мало морген
Можеби
Сигурно
© Неделен интернет магазин Tribune. Сите права задржани. е-mail : info@tribune-eu.com