| Број: 220 | Издание: 15/5/2009, освежено: 15/5/2009 |
   :: почеток :: контакт :: маркетинг :: за нас ::

ОПШТЕСТВО
Зелена коалиција
Нема ни порамнување ни помирување со државата околу велешката Топилница





Зелената коалиција од Велес не го прифаќа наводниот договор меѓу државата и велешката општина за спогодбено решавање на проблемот со тридецениското загадување на Велес поради работата на Топилницата. Тие инсистираат на обештетување на велешани.

Општина Велес наместо да ја тужи Државата за тридецениското загадување на велешани сака да се спогодува. Ополномоштениот адвокат Љупчо Ничовски, побара одложување на судењето бидејки неговите информации добиени од градоначалникот Петров се дека постојат првични преговори помеѓу општината и државата за спогодбено решавање. Ваквиот предлог е неприфатлив за Зелената коалиција. “Ние не прифаќаме вонсудско порамнување и ако не добиеме сега во институциите во Македонија убедени сме дека овој спор ќе го добиеме во судот во Стразбур за човекови права“, вели адвокатот на Зелената коалиција, Билјана Ангеловска.

“Зелената коалиција“, и понатаму останува на барањата државата да забрани рестарт на Топилницата, да ја острани депонијата со згура, да се деконтаминира почвата и да се забрани производство на земјоделски производи, а земјоделците кои досега го обработуваа истото да бидат обештетени. Невладините организации кои се дел од коалицијата сметаат дека институциите недоволно сериозно ја сватиле нивната тужба.
   Медиумска репресија обоена во “розево”
   Потребно ни е етичко прочистување
   Ем преродба, ем 90.000 евра во џеб
   Да нема споменици од Првата и Втората светска војна за балканските земји
   Тренковски се замина од Фондот за здравство
   Ние немаме нормално правосудство
   Обвинението против Тупурковски и Андонов правно неосновано
   Резолуција за изедначување на жртвите од нацизмот и стаљинизмот
   Нема ни порамнување ни помирување со државата околу велешката Топилница
   Резолуција за изедначување на жртвите од нацизмот и стаљинизмот
Tribune
najdi.com.mk
МЕДИУМ
Виктор Соколовски
Празничен ден
АНКЕТА
Дали Црвенковски ќе спроведе реформа во СДСМ

Мало морген
Можеби
Сигурно
© Неделен интернет магазин Tribune. Сите права задржани. е-mail : info@tribune-eu.com