| ОПШТЕСТВО |
Хелсиншки комитет за човекови права
Обвинението против Тупурковски и Андонов правно неосновано
Судскиот процес против Васил Тупурковски и Јован Андонов е пример за негативните состојби во правосудството: реформите се наполно заглавени, ја нема целта - самостојно и независно правосудство, способно да одолее на притисоците од политиката, наведува Хелсиншкиот комитет во својата анализата на судењето за кредитите од Тајван.
“Имаме процес на внатрешно трулење на правосудството, процес во кој од една страна владее страв, од друга имаме бројни манифестации на речи си елементарна професионална неписменост комбинирана со огромна количина енергија и ентузијазам да им се служи на партиски интереси и цели. Обвинението против Васил Тупурковски, што судот во целост го прифати, имено дека префрлал пари од тајванската кредитна линија до крајните корисници, е целосно неточно и правно неосновано“, смета Хелсиншки комитет.
Според Хелсиншки, прифаќајќи го во целост Обвинителниот акт, Судот ги заобиколил фактите кои недвосмислено одат во прилог на обвинетите, со што на драстичен начин ги повредил основните човекови права на обвинетите, неовозможувајќи им фер судење. Инаку, Тупурковски и Андонов во април се осудени на три, односно две години затвор за злоупотреба на 170 милиони денари, поради злоупотреба на кредитите од Тајван, бидејќи како функционери во АОР потпишале штетни договори за заеми со неколку компании
|
|
|
|