| Број: 220 | Издание: 15/5/2009, освежено: 15/5/2009 |
   :: почеток :: контакт :: маркетинг :: за нас ::

ОПШТЕСТВО
После краткотрајната субверзија на слободата
Медиумска репресија обоена во “розево”





После “Големиот Брат“, следи “Све за Љубав“ иако може и спротивно, после следи “Опстанак – Србија“, па “Фарма“ (со српска лиценца бидејќи телевизија “Нова“ ја нема), па... И така кај и да е ако не есенва или зимава, до година во исто време, после дведецениско импровизирање, ќе си го повратиме статусот што некогаш го бевме уживале – Београдска провинција. Статус од кој што, сепак, за волја на вистината никогаш се немавме одречено. Кога пред неколку години кабловските телевизии сериозно ја најавија својата намера да егзистираат во овдешниот македонски етер, макар за миг помисливме дека таа појава ќе предизвика, можеби не големо, ама бездруго некакво проветрување во јаловата, неинвентивна и целосно контаминирана медиумска понуда. На почетокот, би така... Но набргу појавата, особено на хрватските канали ХТВ 1, ХТВ 2, ХТВ плус (кој што токму во тој период почна концепциски и програмски да бива надградуван од неговото уредништво), и ТВ Нова (со шанси меѓу нив да влета и хрватскиот РТЛ), беше детектирана како невидена субверзија која се заканува да ги затвори домашните телевизии (од што граѓаните ќе имаа корист), или да финасираат во сопствено професионално редефинирање (од што граѓаните уште повеќе ќе имаа корист), па бргу-бргу се тргна во акција за нивно елеминирање. Субверзивноста на тие странски канали разбирливи за македонскиот аудиториум беше уште поголема бидејќи не само што го демистифицираше овдешниот новинарски и медиумско менаџерски дилетантизам и простотилак, туку дополнително претставуваше сериозна брана против електронското турбо-розово перфорирање на српската поп култура, но и неконтролабилен извор на информации. Офанзивата на македонските медиумски “могули“ (т.е. шупци во облик на бизнисмени) вроди со плод и најопасниот од сите ХТВ2 беше елегатно елеиминиран без оглед на граѓанскиот консензус дека се укинува програм којшто по квалитет и кванитет беше неспоредлив со домашната тв понуда. Се разбира во тој налет на чуварите на менталното здравје на медиумските конзументи и невидени легалисти (кога се во прашање нивните финансиски интереси) не настрада само ХТВ 2 и ХТВ плус. Падна курбан и на страната на домашните приватни телевизии кои мораа, на нивна голема жал и трошок, да влезат во проекти за создавање сопствена продукција (претежно од забавен жанр, оти таму финансиската конструкција и исплативост најбргу се “затвора“). Таквото неволно подигање на стандардите се чини на подолг рок е неиздржливо за домашниве телевизии, па повторно повикувајќи се на легализмот, заедно со ептен легалистички настроениот Совет за раиодифузија, неодамна ударнички беше елиминирана хрватската телевизија “Нова“. И затоа сега ќе ги чекаме “Големиот брат“, српската “Фарма“ и “Опстанок“ и веројатно некои други такви изненадувања. Се разбира, есапот е јасен – наместо да се создава продукција и истата потоа да се продава, најдобро е да се откупи нешто за пола цена па потоа овде да се препродава. Успехот во таквите медиумски потфати е речиси извесен. Малку чини а проаѓа како алва. Башка погодностите од типот на недостатокот на понуда или приемливите преференци на тв публиката кај која огромно мнозинство со широк возрасен дијапазон е веќе одамна “Пинк“-оизирано. Практично, после краткотрајниот провев овдешниот медиумски простор повторно се враќа во својата стара состојба на дозиран, мрачен, контролиран етер во кој какофонична понуда треба да го одржува привидот на квалитетен и слободен избор. Но не е така особено кога е во прашање слободата - таа никогаш не доаѓа сама, особено не за оние коишто не ја ни посакуваат.
   Медиумска репресија обоена во “розево”
   Потребно ни е етичко прочистување
   Ем преродба, ем 90.000 евра во џеб
   Да нема споменици од Првата и Втората светска војна за балканските земји
   Тренковски се замина од Фондот за здравство
   Ние немаме нормално правосудство
   Обвинението против Тупурковски и Андонов правно неосновано
   Резолуција за изедначување на жртвите од нацизмот и стаљинизмот
   Нема ни порамнување ни помирување со државата околу велешката Топилница
   Резолуција за изедначување на жртвите од нацизмот и стаљинизмот
Tribune
najdi.com.mk
МЕДИУМ
Виктор Соколовски
Празничен ден
АНКЕТА
Дали Црвенковски ќе спроведе реформа во СДСМ

Мало морген
Можеби
Сигурно
© Неделен интернет магазин Tribune. Сите права задржани. е-mail : info@tribune-eu.com